Врвен комуникатор

Врвен комуникатор е дводневен тренинг на Персона Глобал којшто на учесниците им дава алати за издигнување на комуникациските вештини на потполно ново ниво, како и вештина да ја пренесат својата порака моќно и уверливо во било која деловна ситуација. На овој тренинг ќе добиете можност да завладеете со вештините за изградба на доверба со соговорникот, цсо начините за давање позитивно влијание и вештини за постигнувањец „win/win“ резултати во најкраток можен временски рок.

komunikator

Едноставно учење низ практична примена

Градивото од овој тренинг е едноставно за учење и веднаш применливо во реални деловни ситуации. Учесниците добиваат корисна повратна информација за тоа како соговорниците го гледаат нивниот комуникациски стил, способноста за проектирање емпатија, како и нивото на флексибилност во меѓучовечките односи. Оваа корисна повратна информација овозможува креирање на акционен план со цел најбрз можен напредок во поефикасна комуникација.

На тренингот ќе научите:

  • Како да го поврзете однесувањето на соговорникот со неговите потреби;
  • Како да го прилагодите своето однесување така што комуникациските потреби на соговорникот ќе бидат задооволени;
  • Комуникациски потреби на соговорникот од различни стилови;
  • Како соговорниците од различни стилови донесуваат одлуки;
  • Како соговорниците од различни стилови реагираат на стрес;
  • Како соговорниците од различни стилови планираат состаноци;
  • Како соговорниците од различни стилови влегуваат во “маѓепсан круг” на дефанзивно однесување;
  • Како на соговорниците од различни стилови да им се помогне да се вратат во конструктивен разговор.

Придобивки за учесниците:

  • Учесниците добиваат увид во тоа како нивните соработници го проценуваат нивниот комуникациски стил;
  • Учесниците добиваат увид во сопствените сили и слабости во комуникацијата со соработниците;
  • Систематски пристап во разбирањето на комуникацијата;
  • Учесниците се занимаваат со ситуации и предизвици од реалното деловно опкружување, развивајќи акционен план за подобрување на комуникацијата со колегите со кои е неопходна поефективна комуникација. Овој план е можно да се имплементира веднаш по тренингот.

Методологијата на тренингот е заснована на моделите на Персона „Модел на комуникациските стилови “и „Модел на изградба на доверба“, кои се научно тестирани и во изминатите 20 години вброени меѓу најефикасните во светот.

За сите дополнителни информации контактирајте нѐ на е -маил адресата office@atriagroup.org.

Поврзани написи:
  ● Врвен продавач
  ● PCM (Process Communication Model®)
  ● Cooperation and Beyond