Врвен продавач

Врвен продавач е дводневен тренинг на Персона Глобал којшто вашите вештини за продажба ќе ги подигне на повисоко ниво. Овој тренинг е базиран врз основа на моделите на комуникациски стилови на Персона и изградбата на доверба. На тренингот ќе имате прилика да поминете низ реални деловни ситуации, како и да ги совладате техниките на процесот и заклучување на продажбата.

Vrhunski prodavac

На тренингот ќе научите:

  • Како да поставувате вистински прашања
  • Зошто е важно активното слушање
  • Како да воспоставите доверба со купувачот
  • Шест чекори на процесот на продажба
  • Како да се одржи однос со купувачите.

6 чекори на моделот запродажба на Персона се:

  • Подготовка Улогата и значењето на подготовката, систем на потенцијалниот клиент, систем на продавач, четири исходи од користење на системот на продажба
  • Почеток – Телефонски контакт, личен контакт, намалување на тензијата по комуникацискисте стилови.
  • Откривање – Активно слушање, поставување прашања, видови прашања.
  • Презентација – Заинтересираност на клиентот и време, факти/предности/користи, СПИН, воспоставување вредност за клиентот, презентација според различни комуникациски стилови.
  • Поддршка – Препознавање и надминување на забелешки.
  • Акција – Заклучување на продажбата според потребите на различните комуникациски стилови.

Придобивки за учесниците:

  • Учесниците ќе станат свесни за начинот на кој другите го гледаат нивниот стил на продажба.
  • Учесниците подобро ќе ги разберат начините за изградба на доверба со различни клиенти. Учесниците ќе научат да развиваат системски пристап во разбирањето на потребите на другите и постигнувањето влијание.
  • Учесниците ќе имаат можност да развиваат сопствен продажен пристап со тешките клиенти.

За сите дополнителни информации контактирајте нѐ на е -маил адресата office@atriagroup.org.

Поврзани написи:
  ● Врвен комуникатор
  ● Продажба на клучни купувачи
  ● Телефонска продажба