Говорот на Кралот – Коучинг приказна вредна за Оскар!

Сигурни сме дека многу од вас веќе го гледале филмот „Говорот на Кралот“. Овој филм е нешто што секој коуч треба да го погледне.

Geoffrey Rush (како Lionel Louge, логопед) користи коучинг во својата работа на тешка говорна мана на Collin Firth (како крал George VI). Во тешки денови, кога светот е на работ на војна на државата и е потребен крал кој влева доверба. Крал кој може да ја мотивира нацијата во тешки времиња. Влоговите се високи.

Како терапевт на кралот, додека работи на неговиот глас Lionel обрнува внимание на целата негова личност, посебно на длабокото вкоренување на довербата која традиционалниот пристап не може да ја реши. Начинот на работа на Lionel е потполно невообичаен и како коуч тој:

– Инсистира на автентичен однос, недозволувајќи улогата на кралот и неговата позиција да ги дефинираат меѓусебните односи во целост. Lionel разговара со обичен човек на кој му се обраќа со ваше величество Берти. Улогите кои ги имаме во животот пружаат чувство за идентитет кој не чува нас и нашиот свет предвидлив. Ја зголемува идентификацијата со улогите кои често ја отежнува самата лична промена.

– Не дозволува егото да се испречи во работата со познат клиент. Кога за првпат слуша кој е потенцијалниот клиент , видовме колку кратко одговара на овој повик. Моментално тој се враќа на своите стандарди, инсистирајќи на тоа дури и војводата од Јорк да дојде во неговото студио по помош.

– Зазема позитивен став, константно верува во промена и покажува доста силна доверба на тоа дека кралот може јасно да зборува. Коучот верува во своите клиенти дури и кога клиентот не ја гледа можноста за остварување на своите потенцијали.

– Поставува високи барања за постигнување на успех. На пример, работата со кралот ќе биде успешна доколку се се случува во работниот простор на Lionel. Коучот мора да инсистира коучинг процесот да биде спроведен онака како е најдобро за неговиот клиент. Доколку процесот се прилагодува поради краткотрајните потреби на клиентот, на крајот целиот процес ќе заврши без посакуваните резултати.

– Во тој цел процес  е вклучена и работата на телото во која тој бара од George да се валка по подот, да се тресе и на тој начин да се ослободи од стравот и верувањата. Нашите навики се вкоренети и во нашето тело: свирење, играње, танцување и мрдање на телото можат да ни откријат  нови можности.

– Го наведува кралот на самонабљудување. Lionel го соочува George со докази дека неговото мачење не е непобедливо како што тој отсекогаш мислел.  Тој течно може да го чита Шекспир и ова Lionel го изненадува и тоа дека Lionel ова го поттикнува на бес. Овие моменти му отвораат нови можности кои му покажуваат дека трајната промена е возможна и со тоа му се зголемува вербата и посветеноста во самиот процес. Кога ќе наидеме на пукнатина во нашите уверувања ние сме во состојба да видиме и да ги прошириме очекувањата зада се изгради нешто ново.

– Тој инсистира дека George треба да ги вежба новите навики и начини на кои функционираат работите. Ексцентричниот Lionel од искуство знае што функционира и инсистира дека кралот треба да ја обработи својата работа.

– Вежбата е суштината на создавањето на промена и раст. Неуропластичност, иако Lionel никогаш не слушнал за овој термин, ова овозможува промена дури и на длабоко вкоренетите однесувања и обрасци на размислување. Суштината е во вежбите.

На крајот се што ќе научиме мора да го примениме и во пракса. Ќе се поистоветиме со Јода кој вели дека постои само „Do. Or do not. There is no try“. Toa e овој момент во кој намерите и тежините се соочуваат со реалноста.

Сјајната завршна сцена во која кралот George се обраќа на целата нација (во тој момент тоа е третината од светската популација), тој момент е исполнет со напнатост, како и капацитетот на кралот, кој треба да прејде преку навиките, а сето тоа е тестирано во сјаен момент. Толку многу може да се забележи во филмот.

Доколку сте го гледале филмот, погледнете го повторно со горенаведените зборови. Доколку не сте го гледале, нека тоа ви биде приоритет бидејќи во него ќе го видите коучингот иако овој израз во тоа време не постоел.

Кој работи можете да ги пробате во коучингот? На кој начин можете да станете јака поддршка за своите клиенти? Дали сте спремни да креирате силни барања за вашите клиенти во врска со условите за да го подобрите квалитетот на коучингот?

Кој елементи ги забележивте кај Lionel, а кои можеме ние да ги искористиме?

Поврзани написи:
  ● Што е коучинг?
  ● Животен коучинг
  ● Уметноста и науката на коучингот
  ● Бизнис коучинг