Дали коучингот е уметност или наука?

Коучингот е уметност и наука! Прочитајте зошто.

Изборот на зборови навистина прави разлика. Размислете за личностите кои се етикетирани дека шират негативна енергија, наспроти харизматичните. Како се изразуваат? Нивниот избор на зборови е клучната разлика.

На овој блог ќе пронајдете неколку примери што ќе Ви помогнат да сфатите што работат тренерите и зошто всушност коучингот е и уметност и наука.

Запрашајте се: Како да станам најдобар коуч на светот?

Големи се шансите да размислувате за тоа како да ги надградите Вашите вештини, низ учење и пракса, поради што неопходно е да стекнете искуство и на тој начин да научите како ефективно да го изградите Вашиот професионален профил и да бидете поуспешен коуч.

А сега запрашајте се: Како можам да бидам најдобар коуч за светот?

Во контекст на ова прашање, најверојатно размислувате за тоа како да им дадете поддршка на останатите тренери, како и на сопствената професија.

Со промена на само еден збор во прашањето, насоката на Вашите мисли целосно се промени.

Коучингот вклучува јасна, директна комуникација и прашања што се моќни. Затоа е многу важно да внимаваме кои зборови да ги употребуваме.

Колку е јасен и директен зборот МОЖАМ? Дали ви се познати изразите „БИ МОЖЕЛ/А“, „ТРЕБА“, „ЌЕ СЕ ОБИДАМ“? Ако себеси си речете „би можел/а“, нема да имате доволно мотивација да ја остварите целта. Ако кажете „треба“, ќе си создадете одбивност од целта. Ако пак кажете „ќе се обидам“, си давате дозвола за неуспех. Овие изрази во Вас будат чувство на намалена самодоверба и мотивација.

Заменете ги овие изрази со „ЈАС САКАМ“ и на тој начин Вашата комуникација станува јасна и директна.

Од што се состои прашањето кое во себе содржи моќ?

Тоа е прашање што не тера да размислуваме, да бидеме проактивни и што ќе ни ги потврди сопствените можности. Прашања што почнуваат со зборот „ЗОШТО“, се затворени, поради што е важно прашањата да ни започнуваат со зборовите „ШТО“ или „КАКО“. Ако прашањето го започнеме со „ЗОШТО“, секогаш ќе добиете одбранбен одговор. Наместо тоа, прашајте „кои се причините за тоа?“ или „која е позадината на тоа?„ Прашања што имаат многу зборови, ја губат суштината. Кратки, едноставни и отверени прашања имаат далеку поголема моќ.

Изборот на прави зборови и комуникација е уметност и наука, затоа што зборовите се тие што пратав разлика и претставуваат моќна алатка за разбирање и воспоставување на јасна и директна комуникација, како и начин да му помогнете на клиентот да се фокусира, мотивира и да почне да постатува прашања што поседуваат моќ.

TASC-featured---mac

Тренингот „Уметност и наука на коучингот“ преставува единствена можност на нашиот пазар да дознаете зошто коучингот е уметност и наука. Ументоста и наука на коучингот е програма на „Ериксон интернационалниот колеџ“ и прв ICF (International Coach Federation), акредитирана коучинг програма во Србија. Оваа програма е дизајнирана, со цел да ви овозможи да го достигнете нивото на професионален тренер.

Покрај професионални тренери, овој тренинг е наменет и за лидери и менаџери кои сакаат во своето портфолио на вештини, додадат една од најефикасните методолоии на денешницата за развој на човековиот потенцијал. Програмата ќе ви овозможи да го направите првиот и најзначаен чекор кон кариерата како успешен бизнис или животен тренер. Во текот на програмата ќе научите на најбрз и најефикасен начин да им асистирате на клиентите во постигнување на посакуваните цели.

Следниот тренинг „Уметност и наука на коучингот“ ќе се одржи од 16-19ти Октомври, 2014 година, во организација на Атриа Груп. Повеќе информации за тренингот имате овде.