Иновативно донесување одлуки

Донесувањето одлуки е една од задачите на вработените на сите нивоа внатре во организациите. Иако обично трае еден мал дел од времето, секоја одлука може да има значајно влијание на целата организација и нејзините резултати.

„Иновативното донесување одлуки“ е дводневен тренинг на Персона Глобал, креиран на тој начин да одговори на универзалната потреба на вработените: како да се дојде до најдобрите одлуки. Овој тренинг е фокусиран на развој и унапредување на креативноста на улесниците на тренингот, како и на унапредување на процесот на донесување на одлуките. Крајната цел овој тренинг е зајакнување на поединците и нивниот креативен капацитет во секој чекор на процесот на донесување одлуки. Како долгорочен резултат се очекува значајно поефективен пристап во процесот на одлучување.

donosenje odluka

Методологијата на тренингот опфаќа две фази

Во првата фаза учесниците пополнуваат прашалник кој го креираше др. Доналд Шепард кој се користи за мерење на степените на креативноста и ефикасноста на личноста во ситуациите на донесување на одлуки. Фидбек извештајот на учесниците им овозможува идентификација на оние области во кои е потребно да ги подобрат своите креативни капацитети. Во оваа програма најнапред се анализираат индивидуалните тенденции на учесниците на тренингот во четири клучни области на креативност:

  • Отвореност за информации – приридна љубопитност и заинтересираност за информации. Подготвеност за прифаќање и работа со информациите од различни извори. Способност за одложување на евалуацијата.
  • Функција на левата и десната хемисфера на мозокот – способност за ускладување на креативноста и логиката. Способност да се искористи креативноста или логиката во склад со ситуацијата.
  • Соочување со неизвесноста – способност да се прифати двосмисленост и амбиваленција. Подготвеност да се продолжи и покрај недостаток на информациите.
  • Прифаќање на ризик – способност одлучно да се делува дури и кога постои ризик од неуспех. Дури после индивидуалните проценки на клучните способности значајни за ефикасно донесување на одлуки, се даваат и предлози за унапредување во препознатливите развојни области. Krug IDO

Во втората фаза учесниците го учат четиристепениот процес на донесување одлуки како и начини на примена на личниот креативен потенцијал во тој процес. Модел на процесот на донесување одлуки ги опфаќа следните чекори:

  • Идентификација – Фаза во која се одговара на прашањето за што всушност се одлучува. Додека оваа фаза може да биде многу кратка во случај на едноставен проблем, поголемите одлуки можат да вклучуваат и подолго идентификување на проблемите и повнимателно собирање на информации.
  • Истражување – Фазата на истражување на можните алтернативни решенија. Често, решенијата се очигледни и малку труд е потребно за нивното осмислување. Во другите случаи, потрагата за ефикасни решенија бара многу повеќе ментална енергија.
  • Евалуација – Фаза за подредување на алтернативите и вредностите кои се доделуваат на секој од нив.
  • Селекција – Фаза за обврзување на една од алтернативите.

druga faza IDO

Квалитетот на секоја од фазите во процесот допринесува за конечниот квалитет и успешноста во донесување на  одлуките. Времето поминато во секоја фаза зависи од природата на одлуката, нејзината важност, контекстот и навиките кои сме ги развиле и ги применуваме во ситуациите на одлучување.

За време на овој тренинг, учесниците низ работа на студиите на случајот се запознаваат со различни ситуации и различни пристапи на проблемите и учат како да ги користат алатките и техниките кои ќе ги донесат до успешниот резултат во процесот на донесување на слични работни одлуки.

Со оглед на тоа дека програмата е фокусирана на развој на личниот стил во процесот на донесување на одлуки, овој тренинг обезбедува и акционен план со помош на кој учесниците на тренингот учат како да се ослободат со недоволно искористените аспекти на својот креативен потенцијал.

Некои од областите во кои оваа програма се покажа како ислучително ефикасна се:

  • Управување со талентите
  • Иновации
  • Развој на менаџментот и вработените
  • Стратешки промени
  • Коучинг

За сите дополнителни информации контактирајте нѐ на е -маил адресата office@atriagroup.org.