Неколку прашања кои треба да си ги поставите себеси, пред да решите да станете коуч

Одлуката да започнете коучинг програма може да биде предизвикувачка. Постојат стотина коучинг програми, едукативни институции и виртуални организации кои нудат коучинг тренинзи и сертификација. 

Програмите за учење можат да бидат разновидни, а голем број на програми настанаа на основа на личните искуства, модели, методологија и алатки кои се нудат на коучевите.

Тука се и рекламите кои се појавуваат од сите страни нудејќи квалитетен тренинг, па е многу тешко да се разбере која програма е идеална, а која не е.

Ако размислувате да се пријавите на тренинг за коучинг, прво треба себеси да си поставите неколку прашања. Листата преставува насока за донесување на одлуки за тоа дали одредена коучинг програма е идеална за вас.

Прашања:

1. Цел на коучингот: Зошто сакате да бидете коуч? Кој вид на коучинг сакате да го работите? Со какви клиенти сакате да работите?

2. Коучинг филозофија: Низ кој објектив сакате да го гледате коучнгот? Кои се теориите и дисциплините кои ве интересираат и каков тип на инструктори сакате да ви помогнат низ вашиот процес на учење?

3. Заедница: На каква коучинг заедница сакате да припаѓате? Дали ви е важно вашата мрежа да ја ширите локално, на ниво на државата или пак глобално? Кои можности се важни за вас?

4. Опкружување: Како сакате да учите (виртуелно, во живо или во мали групи..) и на кој начин сакате програмата да ви помогне? Каков вид на коучинг пракса сакате да биде вклучена во програмата?

5. Личен развој и преобразба: До кое ниво сакате да се развивате? Дали сакате да загризете доволно силно и да се впуштите во коучинг авантура?

6. Коучинг стандарди и репутација: Колку е важно за вас програмата да биде  сертифицирана? Колку е важно за вас да биде акредитиран од страна на ICF? Колку е важно тоа за вас и вашите клиенти?

7. Одржување на тренинг: Кога и како ви одговара да се одржи тренинг (виртуелно/во живо, на месечно ниво, за време на викенд итд.)

8. Потребно време и напор: Дали имате доволно време и енергија да се обврзете на коучинг програма? Дали е сега вистинското време да се пријавите за програмата?

9. Цена: Колку сте подготвени да платите?

10. Поддршка за време на започнувањето на сопствен коучинг бизнис: Колку ви е важно да научите како да започнете коучинг бизнис, како дел од коучинг програма? Што ви е потребно од алатките и ресурсите за вашата идна коучинг кариера?

Откако ќе одговорите на овие прашања и потенцијално ќе решите дека сакате да станете коуч, имате шанса да се пријавите на коучинг тренингот „Уметност и наука на коучингот“ кој ќе се одржи од 16 до 19 октомври, 2014 година во организација на Атриа Група.

TASC-featured---mac

Уметност и наука на коучингот е програма на Ериксоновиот интернационалниот колеџ и првиот ICF (International Coach Federation)  акредитирана коучинг програма во Македонија.

Оваа програма е дизајнирана така што ќе ви овозможи достигнување на мајсторство во коучингот. Покрај професионалните коучеви, овој тренинг е наменет и за лидерите и менаџерите кои сакаат во своето портфолио да ја додадат и една од најефикасните методологии на денешницата за развој на човечкиот потенцијал.

Програмата ќе ви овозможи да го направите првиот и најзначаен чекор во кариерата на успешен бизнис или животен коуч. За време на програмата ќе научите како на своите клиенти на најбрз и најефикасен начин да им асистирате во постгнување на саканите цели.

Повеќе информации за тренингот пронајдете овде.

Поврзани написи: 
● Што е коучинг?   

● Животен коучинг  
● Бизнис коучинг   
● Коучинг стандарди