Прва регионална коучинг конференција | Play a World Game

Erickson International и Atria Group со задоволство ви ја претставуваат првата регионална коучинг конференција во рамки на југоисточна Европа “Play a world game” којa ќе се одржи во хотелот Радисон Блу Стари Млин во Белград, Србија на 5 март 2015 година. Конференцијата претставува можност на едно место да се соберат коучи од регионот, меѓународни коучинг тренери, HR менаџери како и професионалци, заинтересирани да научат или споделат интернационални искуства и практични знаења за уметноста и науката на коучингот.

Коучингот повеќе од две децении успешно се применува во светот на бизнисот како моќна алатка за организациски и личен развој. Тој на работењето му овозможува подобар перформанс и долгорочен напредок во различни области на извршниот менаџмент.

На конференцијата учесниците ќе имаат можност да присуствуваат на една од двете понудени програми:

  1. Бизнис коучинг: програма на која ќе се зборува за примената на коучингот во бизнисот, негова имплементација и резултати.
  2. Напреден коучинг: програма креирана за унапредување на знаењата на веќе едуцирани коучи.

Специјален гостин на конференцијата е госпоѓа Мерилин Аткинон, најпознат професонален коуч (executive coach) автор на коучинг методологијата фокусирана на решение, како и претстедател на Erickson International. Освен госпоѓа Аткинсон, ќе имате прилика да запознаете интернационални коучинг професионалци и луѓе кои го применуваат коучингот со цел своето работење да го доведат до ниво на совршенство.

Marilyn-Atkinson

Конференцијата Play a World Game е отворена за пријави. Не ја пропуштајте можноста да бидете дел од првата регионална коучинг конференција.

Програма

Предавач на конференцијата ќе биде госпоѓа Мерилин Аткинсон, водечки светски коуч во областа на бизнис коучингот и претседател на Erickson International колеџот од Канада. На конференцијата ќе зборува за примената на коучингот во бизнисот, за најновите трендови во коучингот низ светот, како и за нејзините искуства од големи компании во кои коучингот е составен дел од културата на корпоративното работење.

Работилници

Учесниците имаат можност да присуствуваат на една од двете понудени програми

I  БИЗНИС КОУЧИНГ: програма  наменета за сите учесници кои сакаат да откријат како коучингот успешно се применува во бизнисот

Работилници

1. Коучинг во бројки

Дали некогаш сте размислувале да најмите коуч во Вашата компанија или сте се запрашале колкав ќе биде повратот на инвестицијата? Дали сте се запрашале колку коучи ви се достапни Вас во Вашата компанија. Дали  некогаш сте се обиделе да се запознаете со статистиката на успехот и задоволството? Дали сте размислувале за тоа дека токму коучингот е следниот чекор во процесот на развој на Вашата компанија?

Ова се прашања на кои одговори бараат многу лидери. Работилницата е креирана со цел да ги подржи лидерите во процесот на развој на компанијата и базирана е на бројни статистички истражувања и студии. Работилницата ќе ја води Силвија Виола, ACC.

2. Работа на границa

Тема на оваа работилница е дилемата како коучот треба да работи кога ќе се соочи со ситуација во која клиентот покажува симптоми на проблеми со психичкото здравје. Коучот треба да знае на што е потребно да се фокусира во такви ситуации, како да ги согледа знаците на опасност и како да реагира. Оваа работилница ќе ви помогне во тие ситуации да одлучите дали коучингот може да биде ефективен и доколку не, кои се другите можни опции. Ако коучот не може да ги идентификува знаците на опасност во такви ситуации, тогаш целиот коучинг процес ќе биде неуспешен, можеби дури и штетен по клиент.

На работилницата ќе дознаете како да ги идентификувате емоциите и однесувањата кои не се нормални, дали треба да го продолжите коучинг процесот или не, кои се етичките бизнис проблеми и како помеѓу коучингот и психотерапијата да одлучите која е најдобрата опција за клиентот. Работилницата ќе ја води: Зоран Илиќ.

 3. Преку коучингот до бизнис резултати

Работењето се врти околу резултати, успеси, победи. Коучингот се врти околу креирање, емоции, промени, односи, доверби, саморефлексии, самоостварувања итн. Како животниот коучинг со своите субтилни алатки може да помогне на потребите на деловниот свет? Како коучингот може да се спроведе во комапниите? Како успешно да се спроведе коучинг проект? Како да се креира коучинг култура и зошто тоа е подобро од системот кој контролира? Како коучингот го зголемува нивото на свесност кај лидерите и зошто е тоа добро за компаниите и општеството? Ќе добиете одговори на сите овие прашања а воедно и ќе се запознаете со интимната страна на една коучинг сесија. Работилницата ќе ја водат: Peter Generál, PCC i Antonia Nemes, ACC

II  НАПРЕДЕН КОУЧИНГ: програма наменета за коучи кои сакаат да ги обогатат своите коучинг вештини

 Работилници

 1. PCM

Алатка за проценка како припрема за коучинг. На оваа работлница ќе се запознаете со PCM (Process communication model) и ќе дознаете на кои начини овој модел може да се примени како развојна алатка во индивидуалниот и тимскиот коучинг. Суштината на овој модел е да овозможи разбирање на длабинската структура на личноста. Во коучингот се применува како алатка за адекватно утврдување на целта кон која клиентот тежи, како и за работа на дефинирање на силите и можните развојни области кај поединецот или тимот. Од 70-ите години PCM се применувал како алатка за селекција на астронаути во NASA, а од 2014 година стана акредитирана програма од страна на Интернационалната Коучинг Федерација ICF. Работилница ќе ја води Драгана Милетиќ.

 2. Феноменот на синхроницитет во коучинг процесот

Апсолутното знаење на луѓето е во несвесното – тоа е она каде што се среќаваат минатото, сегашноста и иднината на човечката врста, таму каде постојат сите прашања и одговори, сите типични човечки ситуации и архетипови. Ова апсолутно знаење излегува од несвесното и ја достигнува свеста во секој човек, во зависнот од неговната личност и границите на неговото его, преку соништата, визиите, настаните на синхроницитет, уметноста и сл. Силата која придонесува апсолутното знаење да излезе од несвесното е појава на синхроницитет. Меѓутоа ние сме навикнале да се потпираме само на нашата логика и да ги набљудуваме настаните исклучиво од агол на причината која предизвикува ефект, што доведува до едностано согледување и потиснување на нашата емоционална и интуитивна страна на личноста. Овој модус вивенди е типичен за луѓето од бизнисот, затоа што за нив е многу тешко да се воспостави рамнотежа помеѓу професионалното и приватното, мислите и емоциите, рационалното и интуитивното. Разбирањето на феноменот на синхроницитет ни овозможува да воспоставиме животна рамнотежа и да ги дефинираме внатрешните и скриени енергии во рамките на коучинг процесот. На тој начин им овозможуваме на нашите клиенти да ги достигнат највредните моменти во коучингот, т.е. “Аха” моментите кои се мешавина на позитивна енергија и просветлување со што се отвараат потполно нови погледи на моменталната животна ситуација. Работилницаа ќе ја води Драгомир Којиќ.

3. Како да се унапреди сопствениот коучинг бизнис

Оваа работилница е посветена на коучите кои сакаат да го унапредат и развијат својот коучинг бизнис. Основната тема ќе биде како да се изгради сопствен пристап, коучинг бренд и мрежа на клиенти. Ќе се зборува за коучинг културата во Србија и регионот како и за светските искуства. На оваа работилница ќе биде обработена и темата на поставување на коучинг проекти, следење и комуникацја со клиентите, посебно со клиентите од светот на бизнисот. Името на предавачот на работилницата ќе биде наскоро потврдено.

За повеќе информаци: www.conference.erickson.rs