Професионални презентациски вештини

Оваа програма најпрво ќе ве остави без текст, а потоа ќе ве натера да зборувате!

Овој тренинг нуди единствено, ефикасно, high-tech решение кое е без конкуренција на пазарот. Програмата се одвива во виртуелната стварност кадешто презентерот се обидува да ја придобие “живата публика” и ги уверува во квалитетот на своите производи, услуги како и себе самиот. Програмата на обуката Professional Presentation Live е нова во светот и е развиена на основа на искуство кое опфаќа над илјада изведени и ислушани презентации од страна на стручњаци.

ppl1

Учесниците на ППЛ програмата ги совладуваат основните техники на убедлива комуникација во пријатно и забавно опкружување. Со помош на biofeedback системот, ќе научите различни методи за соочување со стресот којшто го следи процесот на презентација. Во светлина на измерените вредности, се врши едукација на учесниците како да ги спречат и како да управуваат со стресните ситуации кои често се јавуваат во различни етапи на презентацијата.

Посебно внимание се дава на методите на привлекување и задржување внимание, како и на хармонија меѓу визијата на целокупната презентација и содржината. Врз основа на примери од реалниот живот, можно е да се запознаат со методите за успешно управување со тешките ситуации, со луѓето кои многу бараат и непријателските прашања.

Низ едноставно користење на симулации, може јасно да се укаже на областите кои треба да се развијат. Учесникот потоа може да ги доведе до совршенство со помош на својот консултатнт, и тоа пред проектираната виртуелна публика, без никакви вистински ризици, но во живо и реално опкружување кошто може да се менува по потреба. На крајот на вежбата, тренерот го оценува развојот на учесникот, а учесникот добива DVD копија на својот снимен материјал, евалуација, како и предлози за follow-up активности.

Модули на ППЛ Програмата:

1.Општ модул

Наменет е за сите оние кои држат презентации пред помали групи на било која тема. Со овој модул се опфатени вознемирувачки ситуации, различни расположенија кои влијаат на презентацијата, како и непријатни прашања.

2.Модел за продажба

Наменет е за секој кој е активен во областа на продажбата. Претставниците на продажба имаат отприлика еден час да ги убедат во силата на своите производи или услуги потенцијалните купувачи, кои ќе им поставуваат тешки прашања.

3.Презентација пред бордот на директори

Клучните претставници на компанијата мораат да држат презентации на сѐ поголем број состаноци со клиентите, како и на конференциите. Подготовката за презентации, состаноци и финансиски прегледи во голема мерка се потпомогнати ако извршниот директор вежба како да управува со разни видови тешки прашања кои настануваат во такви прилики.

4.Презентација на јавни личности

Лидери на министерства, државни органи, кабинетот на градоначалникот како и разни професионалнии друштвени организации често се наоѓаат во ситуации во кои мораат да ги претстават своите ставови во врска со бројни чувствителни теми. Презентациската обука која е посебно прилагодена за оваа целна група, ќе им овозможи неопходна помош.

5.Презентација на кандидатите за работа

Судбината и егзестенцијалната иднина на поединецот и цели фамилии, како и успехот на компаниите во потрага за стручно обучени менаџери, би можеле да зависат од тоа дали е професионално подготвениот кандидат способен да на вистински начин го прикаже своето знаење пред потенцијалниот работодавач. ППЛ нѝ помага да научиме како да се претставиме себе и своите карактеристики на реален и убедлив начин.

6.Презентација на медиските агенции и медиуми

Медиските агенции и медиуми секогаш сакаат што поголем број работи, а нивното најчесто користено оружје е всушност презентација.

7.Модул за маркетиншки агенции

Наменет е за рекламните агенции, ПР, маркетинг случувања, и тн. Овие компании се принудени непрекинато да подготвуваат презентации како за постоечките клиенти, така и за потенцијалните нови партнери.

За сите дополнителни информации контактирајте нѐ на е -маил адресата office@atriagroup.org.

Поврзани написи:
  ● Отворениот тренинг Professional Presentation Live (PPL) – 30 maj
   Стресот е непријател број 1 при јавен настап