7 тајни за успешно работење што секој коуч треба да ги знае

Да се направи успешен коучинг бизнис не е лесно. Поради тоа ви претставуваме 7 тајни за успешно работење што секој коуч треба да ги знае пред да се одлучи со почнување на сопствен коучинг бизнис.

1. За секоја работа треба да сеима ВИЗИЈА

Како коуч, неопходно е да си поставите неколку прашања пред да одлучите да започнете сопствен бизнис . Дали сакате да бидете во овој бизнис краткотрајно или долготрајно? Дали сакате да започнете бизнис од почетната, start up фаза за покасно да остварите успех и напредок за Вас и Вашите клиенти?

Имајте во предвид дека не постои точен и погрешен одговор, но секако дека тајната на долготрајните планови е поседување визија. Без неа, бизнисот нема свое сидро, не еповрзан со големата идеја и тоа оневозможува да ја остварите вистинската врска со клиентите.

2. Коучот не е само коуч

Донесувањето на одлуката за започнување на сопствен бизнис значи дека ќе имате друга работа освен коучингот. Ќе морате да се позанимавате со маркетинг, со финансии, со правни прашања, информациони технологии. Се надеваме дека овие области ви се јасни, безразлика колку е мала вашата идеја. Доколку ви е комплицирањето занимавањето со овие области, направете тим што ќе работи со вас. Најдете луѓе што се стручни во овие области и осигурајте ја вашата работа за да продолжите со вашиот раст.

3. Не можете сами да ја водите сопствената работа

Кога имате визија, потребна ви е помошта од другите за да го остварите својот сон. Реалноста е дека ќе ви биде помошта неопходна. Ќе се сретнете и со многуте досадни работи во работата.  Искрено кажано, креативниот дел што го завзема „големата идеја“ е најчесто многу повозбудлив од  оној кои се занимава со деталите.

 Стручните лица што се занимаваат со областите како што се администрација, сметководство, веб дизајн и други области се тука само за да не морате вие да работите. Ваша работа е да се грижите за својата работа така што ќе знаете што е неопходно да направите и кои стручни лица ви се потребни за да ја завршите работата. Нека тие станат ваши партнери.

4. Вие сте првиот глас

Иако изгледа едноставно и лесно да ги предадете сите тие „досадни работи“ на другите, имајте на ум, тоа не значи дека сите ваши проблеми се решени. Вие треба и понатаму да имате степен на контрола и свест што ви е потребно на вам. И понатаму сте во вашиот бизнис „првиот глас“. Соработката со останатите кои ја имаат вештината што вие ја немате е доста важно. Тие стануваат ваша поддршка и „пратечкиот вокал“.

Обрнете внимание: Добивањето на помош од другите не ве ослободува вас од одговорноста за резултатите. Проследете ја работата на стручните лица во одредените области и погрижете се да ги добиете резултатите кои ги посакувате од вашите „пратечки вокали“.

5. Луѓето што ги познавате вредат повеќе од било кога

Во човечката природа е да се истражува со помош на влијание од средината. Зато направете здрави врски со вашите соработници. Еден од најдобрите облици за огласување е препораката. Луѓето кои ги познавате може да ве насочат кај други извонредни потенцијални партнери.

И уште: Ставете ја вашата „шапка за размислување“ на главата и напишете ја реферетната листа на луѓе што ги познавате и кои знаете дека со задоволство ќе кажат некој добар збор за вас и вашите услуги. Олеснете го тоа истражување на оние кои се во непросредни кругови и се веќе ваши фанови. Потоа потрудете се со нив да истанете во контакт.

6. Волжувањето во себе се подразбира

Тоа што сте квалифицирани за занимавање со оваа работа не значи дека процесот на улење е завршен. И ова сигурно ви е познато. Разбирливо е дека после дипломирањето вашето усовршување оди на кратка пауза. За да го задржите залетот треба да продолжите да вложувате во себе. Погрижете се за вашиот напредок.

Имајте на ум: Кога вашето усовршување е на пауза , каде на друго место можете да најдете поддршка за вашата работа? На секој коуч му е потребен коуч како поддршка во напредокот. Бидете подготвени да вложите во себе за вашата работа да цвета. На тој начин нема да наидувате на шокови на вашиот пат.

7. Наплатете го вашиот труд

Не постои тарифа за наплатување на коучингот, така да немојте да се збуните кога ќе дојдете до прашањето „Што е тоа што јас го наплатувам?“ Непостојаната регулатива за наплаќањето е неважна. Познавањето на тарифите на другите за вас исто така не се релевантни. Како ќе ја наплатите вашата работа е интерна работа на вашето работење.

Пазарот на вашето работење е погрешно место за проценување на вашите вредности. Вистинското место е да погледнете во себе. Самовреднувањето е срцевината на она што вас ќе ве направи исклучителен коуч. Кога ќе го сфатите ова, вредноста на вашата работа станува рефлексија на она кои сте вие всушност, вредностите кои ги нудите и разликите кои сакате да ги направите со вашата работа.

Сега кога ги знаете овие тајни… Што следно ќе направите?

Извор: International Coach Federation

Уметност и наука на коучингот е програма на Ериксоновиот интернационален колеџ и првата  ICF (International Coach Federation) акредитирана коучинг програма во Македонија. Оваа програма е дизајнирана така што ќе ви овозможи достигнување на мајсторство во коучингот. Покрај професионалните коучеви, овој тренинг е наменет и за лидерите и менаџерите кои сакаат во своето портфолио да ја додадат и една од најефикасните методологии на денешницата за развој на човечкиот потенцијал.

TASC-featured---Мајк

Покрај профеионалните коучеви, вој тренинг е наменет и на лидерите и менаџерите кои сакаат во своето портфолио на вештини да ја додадат една од најефикасните методологии на денешницата за развој на човечкиот потенцијал. Програмата ќе ви овозможи да го направите првиот и најзначаен чекор во кариерата на успешен бизнис или животен коуч. За време на програмата ќе научите како на своите клиенти на најбрз и најефикасен начин да им асистирате во постгнување на саканите цели.

Првиот следен тренинг „Уметност и наука на коучингот“ ќе се одржи од 16 до 19 октомври, 2014 година, во организација на Атриа Група. Повеќе информации за тренингот најдете ОВДЕ.