БЛОГ

25 моќни коучинг прашања кои ќе ги мотивираат вашите клиенти

Кои се моќните коучинг прашања што коучот треба да ги постави на својот клиенд за да би достигнал до саканиот резултат? Интернационалната федерација на коучеви (ICF) спроведе студија која покажала кои се најчестите прашања која коучевите ги поставуваат на своите клиенти за време на сесијата.

Прашања:

1. Доколку ви дадам еден додатен саат дневно, што би направиле со него? – Francisco Alvarez

2. Што би направиле доколку имате неограничени број на ресурси? – Karen Martin Miner

3. Што ве спречува да го направите ова? – Chris Padgett

4. Што прво би направиле? – Katarzyna Winar

5. Што е тоа што ве спречува? – Jennz Leow

6. Колку енергија сте спремни да вложите во тоа? – Alisa Martiney

7. Какво е вашето идејно решение? – Mark Smith

8. Што сакате да докажете со тоа? – Jessica Malavez

9. Доколку сум на ваше место и доколку барам совет од вас, што прво ќеми кажете? – Thom J Ferrie

10. Што прво би се обиделе да направите кога знаете дека не можете да успеете? – Alyssa Gonzalez

11. Само затоа што некогаш се случило  во минатото, зошто мислите дека повторно би се случило? – Rene Stuart

12. Дали ве прави среќен тоа што го работите? – Jen Mickelson

13. Доколку парите би можеле да зборуваат што ви би рекле? – Lucio Andres Perez

14. Какво искуство сакате да стекнете? – Rodney Mueller

15. Како оваа одлука се вклопува во она што го знаете за себе? – Rebecca Macfarlane

16. Кога ќе почнете? – Pat Kennedy

17. Кои се малите чекори кои можат да ве одведат поблиску до остварување на вашите визии? – Josephine de la Paz

18. Што чекате? – Juan Elias Romero Vasquez

19. Која е морална поука за оваа приказна? – Brent Nestler

20. Кој дел од тоа што сега го рековте може да биде претпоставка? – Rachel Mendonca Gojer

21. Кои се позитивните работи кои произлегуваат од оваа негативна ситуација? – Vanya L. Marinova.

22. Кои се најчестите работи кои ги зборувате на себе? – Nancy Mathias

23. И….? – Katy Caroan

24. Кога би го знаеле одговорот на ова прашање, коj би бил? – Rita Tourigny

25. Што е она што сакате да ве прашам, а секогаш го пропуштам тоа прашање? – Annie Gelfandy

Уметност и наука на коучингот е програма на Ериксоновиот интернационален колеџ и прва ICF (International Coach Federation) акредитирана коучинг програма во Македонија. Оваа програма е дизајнирана така што ќе ви овозможи достигнување на мајсторство во коулингот. Покрај професионалните коучеви, овој тренинг е наменет и на лидерите и менаџерите кои сакаат во своето портфолио да ја додадат и една од најефикасните методологии на денешницата за развој на човековиот потенцијал.

TASC-featured---mac

Програмата ќе ви овозможи да го направите првиот и најзначаен чекор кон кариерата на успешен бизнис или животен коуч. За време на програмата ќе научите како со своите клиенти на најбрз и најефикасен начин да асистирате во постигнување на саканите цели.

Повеќе информации за тренингот пронајдете овде.

Поврзани статии:
Што е коучинг?

Животен коучинг
Уметност и наука на коучингот
Бизнис коучинг
Коучинг стандарди

Говорот на Кралот – Коучинг приказна вредна за Оскар!

Сигурни сме дека многу од вас веќе го гледале филмот „Говорот на Кралот“. Овој филм е нешто што секој коуч треба да го погледне.

Geoffrey Rush (како Lionel Louge, логопед) користи коучинг во својата работа на тешка говорна мана на Collin Firth (како крал George VI). Во тешки денови, кога светот е на работ на војна на државата и е потребен крал кој влева доверба. Крал кој може да ја мотивира нацијата во тешки времиња. Влоговите се високи.

Како терапевт на кралот, додека работи на неговиот глас Lionel обрнува внимание на целата негова личност, посебно на длабокото вкоренување на довербата која традиционалниот пристап не може да ја реши. Начинот на работа на Lionel е потполно невообичаен и како коуч тој:

– Инсистира на автентичен однос, недозволувајќи улогата на кралот и неговата позиција да ги дефинираат меѓусебните односи во целост. Lionel разговара со обичен човек на кој му се обраќа со ваше величество Берти. Улогите кои ги имаме во животот пружаат чувство за идентитет кој не чува нас и нашиот свет предвидлив. Ја зголемува идентификацијата со улогите кои често ја отежнува самата лична промена.

– Не дозволува егото да се испречи во работата со познат клиент. Кога за првпат слуша кој е потенцијалниот клиент , видовме колку кратко одговара на овој повик. Моментално тој се враќа на своите стандарди, инсистирајќи на тоа дури и војводата од Јорк да дојде во неговото студио по помош.

– Зазема позитивен став, константно верува во промена и покажува доста силна доверба на тоа дека кралот може јасно да зборува. Коучот верува во своите клиенти дури и кога клиентот не ја гледа можноста за остварување на своите потенцијали.

– Поставува високи барања за постигнување на успех. На пример, работата со кралот ќе биде успешна доколку се се случува во работниот простор на Lionel. Коучот мора да инсистира коучинг процесот да биде спроведен онака како е најдобро за неговиот клиент. Доколку процесот се прилагодува поради краткотрајните потреби на клиентот, на крајот целиот процес ќе заврши без посакуваните резултати.

– Во тој цел процес  е вклучена и работата на телото во која тој бара од George да се валка по подот, да се тресе и на тој начин да се ослободи од стравот и верувањата. Нашите навики се вкоренети и во нашето тело: свирење, играње, танцување и мрдање на телото можат да ни откријат  нови можности.

– Го наведува кралот на самонабљудување. Lionel го соочува George со докази дека неговото мачење не е непобедливо како што тој отсекогаш мислел.  Тој течно може да го чита Шекспир и ова Lionel го изненадува и тоа дека Lionel ова го поттикнува на бес. Овие моменти му отвораат нови можности кои му покажуваат дека трајната промена е возможна и со тоа му се зголемува вербата и посветеноста во самиот процес. Кога ќе наидеме на пукнатина во нашите уверувања ние сме во состојба да видиме и да ги прошириме очекувањата зада се изгради нешто ново.

– Тој инсистира дека George треба да ги вежба новите навики и начини на кои функционираат работите. Ексцентричниот Lionel од искуство знае што функционира и инсистира дека кралот треба да ја обработи својата работа.

– Вежбата е суштината на создавањето на промена и раст. Неуропластичност, иако Lionel никогаш не слушнал за овој термин, ова овозможува промена дури и на длабоко вкоренетите однесувања и обрасци на размислување. Суштината е во вежбите.

На крајот се што ќе научиме мора да го примениме и во пракса. Ќе се поистоветиме со Јода кој вели дека постои само „Do. Or do not. There is no try“. Toa e овој момент во кој намерите и тежините се соочуваат со реалноста.

Сјајната завршна сцена во која кралот George се обраќа на целата нација (во тој момент тоа е третината од светската популација), тој момент е исполнет со напнатост, како и капацитетот на кралот, кој треба да прејде преку навиките, а сето тоа е тестирано во сјаен момент. Толку многу може да се забележи во филмот.

Доколку сте го гледале филмот, погледнете го повторно со горенаведените зборови. Доколку не сте го гледале, нека тоа ви биде приоритет бидејќи во него ќе го видите коучингот иако овој израз во тоа време не постоел.

Кој работи можете да ги пробате во коучингот? На кој начин можете да станете јака поддршка за своите клиенти? Дали сте спремни да креирате силни барања за вашите клиенти во врска со условите за да го подобрите квалитетот на коучингот?

Кој елементи ги забележивте кај Lionel, а кои можеме ние да ги искористиме?

Поврзани написи:
  ● Што е коучинг?
  ● Животен коучинг
  ● Уметноста и науката на коучингот
  ● Бизнис коучинг

Дали коучингот е уметност или наука?

Коучингот е уметност и наука! Прочитајте зошто.

Изборот на зборови навистина прави разлика. Размислете за личностите кои се етикетирани дека шират негативна енергија, наспроти харизматичните. Како се изразуваат? Нивниот избор на зборови е клучната разлика.

На овој блог ќе пронајдете неколку примери што ќе Ви помогнат да сфатите што работат тренерите и зошто всушност коучингот е и уметност и наука.

Запрашајте се: Како да станам најдобар коуч на светот?

Големи се шансите да размислувате за тоа како да ги надградите Вашите вештини, низ учење и пракса, поради што неопходно е да стекнете искуство и на тој начин да научите како ефективно да го изградите Вашиот професионален профил и да бидете поуспешен коуч.

А сега запрашајте се: Како можам да бидам најдобар коуч за светот?

Во контекст на ова прашање, најверојатно размислувате за тоа како да им дадете поддршка на останатите тренери, како и на сопствената професија.

Со промена на само еден збор во прашањето, насоката на Вашите мисли целосно се промени.

Коучингот вклучува јасна, директна комуникација и прашања што се моќни. Затоа е многу важно да внимаваме кои зборови да ги употребуваме.

Колку е јасен и директен зборот МОЖАМ? Дали ви се познати изразите „БИ МОЖЕЛ/А“, „ТРЕБА“, „ЌЕ СЕ ОБИДАМ“? Ако себеси си речете „би можел/а“, нема да имате доволно мотивација да ја остварите целта. Ако кажете „треба“, ќе си создадете одбивност од целта. Ако пак кажете „ќе се обидам“, си давате дозвола за неуспех. Овие изрази во Вас будат чувство на намалена самодоверба и мотивација.

Заменете ги овие изрази со „ЈАС САКАМ“ и на тој начин Вашата комуникација станува јасна и директна.

Од што се состои прашањето кое во себе содржи моќ?

Тоа е прашање што не тера да размислуваме, да бидеме проактивни и што ќе ни ги потврди сопствените можности. Прашања што почнуваат со зборот „ЗОШТО“, се затворени, поради што е важно прашањата да ни започнуваат со зборовите „ШТО“ или „КАКО“. Ако прашањето го започнеме со „ЗОШТО“, секогаш ќе добиете одбранбен одговор. Наместо тоа, прашајте „кои се причините за тоа?“ или „која е позадината на тоа?„ Прашања што имаат многу зборови, ја губат суштината. Кратки, едноставни и отверени прашања имаат далеку поголема моќ.

Изборот на прави зборови и комуникација е уметност и наука, затоа што зборовите се тие што пратав разлика и претставуваат моќна алатка за разбирање и воспоставување на јасна и директна комуникација, како и начин да му помогнете на клиентот да се фокусира, мотивира и да почне да постатува прашања што поседуваат моќ.

TASC-featured---mac

Тренингот „Уметност и наука на коучингот“ преставува единствена можност на нашиот пазар да дознаете зошто коучингот е уметност и наука. Ументоста и наука на коучингот е програма на „Ериксон интернационалниот колеџ“ и прв ICF (International Coach Federation), акредитирана коучинг програма во Србија. Оваа програма е дизајнирана, со цел да ви овозможи да го достигнете нивото на професионален тренер.

Покрај професионални тренери, овој тренинг е наменет и за лидери и менаџери кои сакаат во своето портфолио на вештини, додадат една од најефикасните методолоии на денешницата за развој на човековиот потенцијал. Програмата ќе ви овозможи да го направите првиот и најзначаен чекор кон кариерата како успешен бизнис или животен тренер. Во текот на програмата ќе научите на најбрз и најефикасен начин да им асистирате на клиентите во постигнување на посакуваните цели.

Следниот тренинг „Уметност и наука на коучингот“ ќе се одржи од 16-19ти Октомври, 2014 година, во организација на Атриа Груп. Повеќе информации за тренингот имате овде.

Неколку прашања кои треба да си ги поставите себеси, пред да решите да станете коуч

Одлуката да започнете коучинг програма може да биде предизвикувачка. Постојат стотина коучинг програми, едукативни институции и виртуални организации кои нудат коучинг тренинзи и сертификација. 

Програмите за учење можат да бидат разновидни, а голем број на програми настанаа на основа на личните искуства, модели, методологија и алатки кои се нудат на коучевите. (more…)

7 тајни за успешно работење што секој коуч треба да ги знае

Да се направи успешен коучинг бизнис не е лесно. Поради тоа ви претставуваме 7 тајни за успешно работење што секој коуч треба да ги знае пред да се одлучи со почнување на сопствен коучинг бизнис.

1. За секоја работа треба да сеима ВИЗИЈА

Како коуч, неопходно е да си поставите неколку прашања пред да одлучите да започнете сопствен бизнис . Дали сакате да бидете во овој бизнис краткотрајно или долготрајно? Дали сакате да започнете бизнис од почетната, start up фаза за покасно да остварите успех и напредок за Вас и Вашите клиенти?

Имајте во предвид дека не постои точен и погрешен одговор, но секако дека тајната на долготрајните планови е поседување визија. Без неа, бизнисот нема свое сидро, не еповрзан со големата идеја и тоа оневозможува да ја остварите вистинската врска со клиентите.

2. Коучот не е само коуч

Донесувањето на одлуката за започнување на сопствен бизнис значи дека ќе имате друга работа освен коучингот. Ќе морате да се позанимавате со маркетинг, со финансии, со правни прашања, информациони технологии. Се надеваме дека овие области ви се јасни, безразлика колку е мала вашата идеја. Доколку ви е комплицирањето занимавањето со овие области, направете тим што ќе работи со вас. Најдете луѓе што се стручни во овие области и осигурајте ја вашата работа за да продолжите со вашиот раст.

3. Не можете сами да ја водите сопствената работа

Кога имате визија, потребна ви е помошта од другите за да го остварите својот сон. Реалноста е дека ќе ви биде помошта неопходна. Ќе се сретнете и со многуте досадни работи во работата.  Искрено кажано, креативниот дел што го завзема „големата идеја“ е најчесто многу повозбудлив од  оној кои се занимава со деталите.

 Стручните лица што се занимаваат со областите како што се администрација, сметководство, веб дизајн и други области се тука само за да не морате вие да работите. Ваша работа е да се грижите за својата работа така што ќе знаете што е неопходно да направите и кои стручни лица ви се потребни за да ја завршите работата. Нека тие станат ваши партнери.

4. Вие сте првиот глас

Иако изгледа едноставно и лесно да ги предадете сите тие „досадни работи“ на другите, имајте на ум, тоа не значи дека сите ваши проблеми се решени. Вие треба и понатаму да имате степен на контрола и свест што ви е потребно на вам. И понатаму сте во вашиот бизнис „првиот глас“. Соработката со останатите кои ја имаат вештината што вие ја немате е доста важно. Тие стануваат ваша поддршка и „пратечкиот вокал“.

Обрнете внимание: Добивањето на помош од другите не ве ослободува вас од одговорноста за резултатите. Проследете ја работата на стручните лица во одредените области и погрижете се да ги добиете резултатите кои ги посакувате од вашите „пратечки вокали“.

5. Луѓето што ги познавате вредат повеќе од било кога

Во човечката природа е да се истражува со помош на влијание од средината. Зато направете здрави врски со вашите соработници. Еден од најдобрите облици за огласување е препораката. Луѓето кои ги познавате може да ве насочат кај други извонредни потенцијални партнери.

И уште: Ставете ја вашата „шапка за размислување“ на главата и напишете ја реферетната листа на луѓе што ги познавате и кои знаете дека со задоволство ќе кажат некој добар збор за вас и вашите услуги. Олеснете го тоа истражување на оние кои се во непросредни кругови и се веќе ваши фанови. Потоа потрудете се со нив да истанете во контакт.

6. Волжувањето во себе се подразбира

Тоа што сте квалифицирани за занимавање со оваа работа не значи дека процесот на улење е завршен. И ова сигурно ви е познато. Разбирливо е дека после дипломирањето вашето усовршување оди на кратка пауза. За да го задржите залетот треба да продолжите да вложувате во себе. Погрижете се за вашиот напредок.

Имајте на ум: Кога вашето усовршување е на пауза , каде на друго место можете да најдете поддршка за вашата работа? На секој коуч му е потребен коуч како поддршка во напредокот. Бидете подготвени да вложите во себе за вашата работа да цвета. На тој начин нема да наидувате на шокови на вашиот пат.

7. Наплатете го вашиот труд

Не постои тарифа за наплатување на коучингот, така да немојте да се збуните кога ќе дојдете до прашањето „Што е тоа што јас го наплатувам?“ Непостојаната регулатива за наплаќањето е неважна. Познавањето на тарифите на другите за вас исто така не се релевантни. Како ќе ја наплатите вашата работа е интерна работа на вашето работење.

Пазарот на вашето работење е погрешно место за проценување на вашите вредности. Вистинското место е да погледнете во себе. Самовреднувањето е срцевината на она што вас ќе ве направи исклучителен коуч. Кога ќе го сфатите ова, вредноста на вашата работа станува рефлексија на она кои сте вие всушност, вредностите кои ги нудите и разликите кои сакате да ги направите со вашата работа.

Сега кога ги знаете овие тајни… Што следно ќе направите?

Извор: International Coach Federation

Уметност и наука на коучингот е програма на Ериксоновиот интернационален колеџ и првата  ICF (International Coach Federation) акредитирана коучинг програма во Македонија. Оваа програма е дизајнирана така што ќе ви овозможи достигнување на мајсторство во коучингот. Покрај професионалните коучеви, овој тренинг е наменет и за лидерите и менаџерите кои сакаат во своето портфолио да ја додадат и една од најефикасните методологии на денешницата за развој на човечкиот потенцијал.

TASC-featured---Мајк

Покрај профеионалните коучеви, вој тренинг е наменет и на лидерите и менаџерите кои сакаат во своето портфолио на вештини да ја додадат една од најефикасните методологии на денешницата за развој на човечкиот потенцијал. Програмата ќе ви овозможи да го направите првиот и најзначаен чекор во кариерата на успешен бизнис или животен коуч. За време на програмата ќе научите како на своите клиенти на најбрз и најефикасен начин да им асистирате во постгнување на саканите цели.

Првиот следен тренинг „Уметност и наука на коучингот“ ќе се одржи од 16 до 19 октомври, 2014 година, во организација на Атриа Група. Повеќе информации за тренингот најдете ОВДЕ.

7 начини да станете подобар коуч

Како што тоа обично се случува со луѓето кои се одлучни во намерата да стекнат нова вештина, веројатно и вие сте следеле овој пат: прво сте добиле инспирација да се занимавате со коучинг, сте завршиле едукација, после тоа сте почнале да се занимавате со коучинг за да изградите одржлив и успешен бизнис и сте биле задоволни некое време. Сепак, мислите дека можете повеќе. И што сега?

Учењето никогаш не завршува. Ви претставуваме 7 начини да ги придвижите своите граници и да станете подобар коуч:

1. Работете со луѓе кои ве инспирират.

Ние сите одиме по истиот пат – како во лавиринт – постојат луѓе кои се наоѓаат пред вас, кои го прават она што вие сакате да го правите. Ова може да биде застрашувачко, но не се работи за тоа дека е потребно да се споредувате со нив. Се работи за тоа дека е потребно да го моделирате однесувањето на овие луѓе кои ги донело до успех. Поврзете се со нив, слушајте и учете.

Пробајте со нова мантра „Доколку тие можат да бидат успешни, можам и јас“.

2. Дознајте што луѓето мислат за вас

Излезете од својата глава. Сликите кои ги имате за себе можеби не се вистинити. Време е за нивна проверка. Изберете 4 – 6 луѓе на кои им верувате и прашајте ги следниве прашања.

  • Што мислиш дека е мојата најголема сила?
  • По што се издвојувам од другите
  • На кој начин можам да се унапредам себеси?
  • На кој начин можам да станам подобар коуч?

И уште еден совет, почнете со луѓето кои ве сакаат и неизмерно ве поддржуваат.

На овој начин ќе добиете јасна слика за тоа како ве гледаат другите и ќе можете да се зајакнете себеси како коуч. На пример, овие прашања можете да им ги поставите на пријателите, клиентите или колегите од работа.

3. Опуштете го клиентот кој троши премногу од вашата енергија

Колку и да ве плаќаат клиентите, доколку трошите премногу од вашата енергија време е да се разделите. За овој чекор потребна ви е храброст и самодоверба, но на овој начин ќе станете подобри.

Совет: Одредете го вашиот „идеален клиент“ и на тој начин надитрете ја оваа ситуација.

4. Имајте време за тишина

Во денешниот брз начин на живот потребно е да се најде време за размислување. Креирајте во својот распоред време за размислување и на тој начин ќе добиете доста нови идеи.

 5. Немојте лесно да давате ветувања

Сакате секогаш да бидете тука за своите клиенти и да направите разлика, меѓутоа лесното давање на ветувања не е начин тоа да го постигнете затоа што може да ве доведе до преголемо трошење на енергија. За разлика од тоа, вежбајте го спротивното: доколку сакате (морате) да испратите мејл до среда, а не сте сигурни дека тоа можете да го постигнете, ветете дека мејлот ќе го испратите до петок. Дајте си себеси доволно време да ги завршите обврските и да ги зголемите своите шанси да ги исполните своите ветувања на тој начин. Почнете денес!

6. Почесто велете „НЕ“

Секој пат кога ќе кажете ДА за некоја работа, истиот момент сте кажале НЕ за некои други работи. Почнете уште денеска и кажете НЕ за работите кои не ви се важни.

7. Бидете искрени

Кажете работи кои се плашите да ги изговорите. Сите знаеме за оној момент кога во конверзација со клиентот помислувате „Не можам да го слушам ова ни минута повеќе“. Изговорете го своето мислење и клиентот ќе биде уште позадоволен.

Извор: Erickson International

Уметност и наука на коучингот е програма на Ериксоновиот интернационален колеџ и прва prvi ICF (International Coach Federation) акредитирана коучинг програма во Македонија. Оваа програма е дизајнирана така што ќе ви овозможи достигнување на мајсторство во коулингот. Покрај професионалните коучеви, овој тренинг е наменет и на лидерите и менаџерите кои сакаат во своето портфолио да ја додадат и една од најефикасните методологии на денешницата за развој на човековиот потенцијал.

TASC-featured---mac

Програмата ќе ви овозможи да го направите првиот и најзначаен чекор кон кариерата на успешен бизнис или животен коуч. За време на програмата ќе научите како со своите клиенти на најбрз и најефикасен начин да асистирате во постигнување на саканите цели.

Повеќе информации за тренингот пронајдете овде.

Поврзани статии:
Што е коучинг?

Животен коучинг
Уметност и наука на коучингот
Бизнис коучинг
Коучинг стандарди

РАЗВОЈ НА ВРАБОТЕНИТЕ – ЗОШТО Е ТОЛКУ ВАЖЕН?

Изминатите неколку години вложувањето во развојот на вработените е во голем пораст и компаниите се подготвени да издвојат повеќе пари за своите вработени. Минатите години за развој на своите вработени, светските компании издвоиле дури 130 милјарди долари. Тоа е доказ дека квалитетот на работата, мотивацијата и продуктивноста на вработените не може да ги одржуваат само високите плати и бонуси на крајот на годината.
(more…)

ЗАЈАКНЕТЕ ЈА ВАШАТА КОМПАНИЈА ПРЕКУ РАЗВОЈ НА ВАШИТЕ ВРАБОТЕНИ

Добриот тренинг и едукација на вработените ја прави основната разлика помеѓу успешните компании и оние со просечен успех. Развојот на вашите вработени преку тренинзи и едукација може да доведе до зајакнување на позицијата на вашето работење.

(more…)

Развој на вработените – Зошто е толку важен?

Изминатите неколку години вложувањето во развојот на вработените е во голем пораст и компаниите се подготвени да издвојат повеќе пари за своите вработени. Минатите години за развој на своите вработени, светските компании издвоиле дури 130 милјарди долари. Тоа е доказ дека квалитетот на работата, мотивацијата и продуктивноста на вработените не може да ги одржуваат само високите плати и бонуси на крајот на годината.

(more…)

Win Win или нема договор!

Автор: Марија Митиќ – HR консултант, Атриа Група

Луѓето секојдневно калкулираат, се вклучуваат во ситуации во кои проценуваат дали за нив е подобро да соработуваат со други или не. Идносно влегуваат во „игри“. Во овие таканаречени игри, секој поаѓа со цел да се „игра“ на тој начин што ќе ја одберете најдобрата стратегија, она однесување кое ќе му донесе најголема добивка. Најпознатиот пример кој ја потврдува оваа изјава е приказната за дилемата на затвореникот: (more…)