Cooperation and Beyond

Успешното водење на компанијата, вработените, проектот, како и остварување на поставените цели, поставува пред вработените барање за ефикасно управување со ресурсите. Во деловниот, но и во приватниот живот, ефикасното и рационалното управување со ресурсите е една од тајните на успехот. Кога велиме управување со ресурсите, не мислиме само на управување со ресурсите како бизнис категорија, туку и управување со ресурсите кое претставува управување со сопствениот живот.

Corporate and beyond

„Cooperation and Beyond“ е дводневен тренинг на Персона Глобал насочен кон понатамошно изградување на вештините за ефективна комуникација. Наменет е за вработените и менаџерите кои го поминале тренингот „Врвен комуникатор“ и кои сакаат да одат чекор понатаму во усовршувањето на вештините за активна комуникација. Овој тренинг содржи многубројни практични примери и алати кои на учесниците ќе им овозможат да научат дополнителни начини за изградба и управување со важни деловни односи. Оваа програма е фокусирана на следните области:

  • Иницирање и одржување на соработката во, и помеѓу две страни во деловниот однос
  • Разбирање на реалните потреби (не само позиција) на двете страни во деловниот однос
  • Изградба и одржување на взаемна доверба.

Тренингот „Cooperation and Beyond“ се состои од голем број интензивни и интерактивни вежби кои ги отсликуваат приоритетите на почетникот кога се во прашање ризикот, довербата и други фактори кои влијаат на односите со клучните деловни партнери. Со асесментот којшто пред почетокот на тренингот го пополнуваат колегите учесници на тренингот, учесниците добиваат увид во тоа како колегите и соработниците ги гледаат. Фокусот на тренингот е на тоа како на најдобар начин да се добие доверба и поддршка од соработниците низ моделите коишто ги носи тренингот. Областите на примена на моделот кои овој тренинг ги носи се од продажно-преговарачки ситуации до изградба на врвни тимови.

Она за што ни беше потребно неколку месеци да научиме едни за други, тоа го научивме за три дена на овој тренинг. Тоа забрзано нѐ доведе до односот којшто сакавме да го имаме.”

Бил Дезмонд

Што ве очекува на овој тренинг?

Разбирање и изградба на односи:

  • Модел на изградба деловен однос и соработка
  • Студија на Националната Научна Фондација на тема прашања “Од каде потекнува соработката?”
  • Две основни вредности и три модели есенцијални за изградба и управување со квалитетни деловни односи
  • Студија на случај за тоа како да се покрене и одржува соработка (доколку учесниците се од ист тим можно е да се работи на конкретен пример)
  • Повратната информација ги отсликува вашите лични преференци на ризик и доверба од агол на вашите колеги
  • Домашна задача во вид на вежба за тоа како да ја искористите информацијата во своја корист.

Развивање доверба во односите:

  • Тактики и вештини потребни да се изгради доверба во деловните односи
  • Студија на случајот (или конкретен проект доколку станува збор за еден тим) oза тоа како да се биде поефикасен во разбирање на потребите на другите
  • Повратна информација за тоа какво однесување, претходно избраните колеги, би сакале да видат почесто или поретко, со што полесно би ви ја дале својата поддршка.

Планирање акции:

  • Планирање на користење на наученото на тренингот со цел да се зајакнат деловните односи со клучните клиенти или деловните односи во тимот
  • Вовед во концептот touch – point менаџмент којшто го мери и анализира влијанието на имплементацијата на претходно наученото.

За сите дополнителни информации контактирајте нѐ на е -маил адресата office@atriagroup.org.

Поврзани написи:
  ● Изградба на врвни тимови  
  ● Резонантното лидерство
  ● Врвен комуникатор